
Најквалитетната лига за австралиски фудбал, АФЛ, ќе добие нов шампион во сезоната 2022.
Имено, бранителите на титулата, Мелбурн Демонс, беа елиминирани на домашен терен во четвртфиналето од Бризбејн Лионс со (11.13) 79-92 (14.8).
Мелбурн водеше непрестано во текот на првите три четвртини, но во четвртиот квартал, ,,Лавовите” стекнаа прва предност, а воедно и триумф со серијата од 27-7.
За Бризбејн, ова е исто така и прва победа против Демонс на ,,Мелбурн Крикет Граунд” после 3 август 2014.
Од поразениот состав, најрасположени во офанзивата беа Ед Ленгдон (2.1), Алекс Нил-Бален (2.1) и Кајзеа Пикет (2.1).
На спротивната страна, во отсуство на асот Џоу Данихер (семејни проблеми), најефикасни поединци беа Чарли Камерон (3.1) и Ерик Хипвуд (4.1).