Овогодинешното инаугурално издание на ,,Скотиш Чемпионшип” целосно помина во знакот на Адријан Отеги.
Шпанецот ја запиша својата трета професионална победа на турнирите од Еуропеан Тур, претходно триумфирајќи на ,,Солтајр Енерџи Пол Лоури Меч Плеј” (20 август 2017) и на ,,Белџан Нокаут” (20 мај 2018).
После првите два дена, Отеги беше првопласиран со (-10) и со (-12). После третиот ден, Англичанецот Метју Волас го презеде водството со (-18), во споредба со (-14) поени на Отеги.
Сепак, на последниот ден, Отеги имаше неверојатни перформанси и дојде до победата со учинок од (-23).
Накрај, Волас беше втор (-19), а како третопласиран заврши Арон Реј – победникот на ,,Скотиш Опен” пред две недели.



