Во единаесеттото коло од српската Супер лига, силите ги одмерија вечните ривали, Партизан и Црвена Ѕвезда, во 163. вечно дерби.
Во пресрет на оваа средба, Црвена Ѕвезда доминантно ја започна лигашката сезона со десет победи во првите десет кола. Од друга страна, Партизан имаше неколку киксови, но сепак го зазема второто место после денешниот дуел.
Имено, 163. вечно дерби заврши со резултат од 1-1 што е 52. меѓусебно досегашно реми. Црвена Ѕвезда успеа да му даде гол на Партизан за првпат после четирите претходни меѓусебни средби.
Стрелец за ,,црвено-белите” беше Александар Катаи од пенал во 74. минута.
Претходно, уште во 7. минута, резултатот го отвори младиот Филип Стевановиќ, кој му го донесе водството на Партизан.
Освен по двата погодоци, овој меч ќе остане запаметен и по деветте жолти картони на фудбалерите на Црвена Ѕвезда, од кои, два доби Саного.



