Во Струга секоја од екипите обично бодовите ги губи, односно сосема заслужено ЖФК Ас Јунајтед игра доминатно и сигурно на домашен терен со што ги собира бодовите на своето бодовно конто.
Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар на новиот терен во Струга, ЖФК Ас Јунајтед победи со 8:0 против ЖФК Шкупи на полувреме резултатот беше 5:0.

Погодоците беа распределени на фудбалерки кои играат во офанзивниот дел од играта па секоја од нив влегува во респектабилна голгетерска форма. Двојни стрелци беа Кристина Мојсоска, Веса и Оливера Цоклеска, додека по еден гол запишаа Илза Максути и Арлинда Адили.



