
За првпат во клупската историја, Адмирал Владивосток успеа да победи на еден четвртфинален натпревар од КХЛ.
Имено, во третиот меѓусебен дуел, претставниците на крајниот Исток триумфираа со минимални 1-0 после продолжение против АК Барс и намалија на вкупни 2-1.
Херој за домашната екипа беше Јевгени Лисовец, кој погоди за првпат во доигрувањето после четиринаесет дополнителни минути.
Голманот на Адмирал, Никита Серебрјаков, ги одбрани сите 48 противнички шутеви за шестиот шут-аут во сезоната и воедно прв во плејофот.