
Во градското дерби на Солун, одиграно во дваесет и седмото коло од грчката Супер лига, односно во првото коло од шампионската група, ПАОК го порази Арис со 1-2.
Номиналните домаќини поведоа уште во раната фаза преку осмиот овосезонски погодок на Луис Палма (12′), кој ја затресе мрежата на ПАОК во првенството после цел месец.
Сепак, во второто полувреме, ,,Црно-белите” направија целосен пресврт во интервал од шест минути преку Штефан Шваб (п. 68′) и преку Андрија Живковиќ (74′).
На табелата, Арис го држи петтото место, додека ПАОК е четврт, но со ,,скромни” пет бода заостаток во однос на лидерот Панатинаикос.