понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Тиана и Теона Вучеви инспиративни и успешни фудбалерки и уметнички

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
април 4, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ

1.Кој ве запозна со фудбалската игра ?

Теона Вучева:

1. Најпрво од нашата 8-ма година трениравме тенис 6 години, ама заради условите и дека беше многу скапо се откажавме, а фудбалот од секогаш го сакавме, преку татко ни. Тој секогаш следеше фудбал и ние преку него го засакавме фудбалот.

Тиана Вучева:

2.Колку години тренирате и дали претходно ве интересирала друга професија ?

2.Тренираме четири години, а пред фудбалот трениравме тенис ама поголема ни беше љубовта спрема фудбалот. На денот на нашиот роденден започнавме да тренираме и денеска ние четврта година со тренинг откако започнавме и клубот ние второто наше семејство.  

Теона Вучева:

3.Кој е вашиот прв фудбалски ментор ? Се сеќавате ли како изгледаше првиот ваш ден на тренинг или натпревар ?

3. Нашиот прв ментор и тренер е Никола Гелевски. Искрено не се сеќаваме само знам дека бевме многу повлечени и имавме малце страв, бидејќи на ќумурното имаше многу деца кои тренираа подолго и беа поискусни од нас. Едноставно не знаевме дали ќе се вклопиме во таа нова средина.

Тиана Вучева:

4.На која позиција настапувате ?

4. Теона е голман, а јас играм во нападот по крилните позиции.   

Теона Вучева:

5.Со какви успеси и достигнувања може да се пофалите ?

5. Веќе две и пол години сме во сениорската екипа, а во 2018 година со  младинската екипа во Скопје игравме финале против тимот од Струмица, каде незаслужено изгубивме. Тоа е наше најголемо достигнување, а за останатите успеси на клубот подетално може да ви каже нашиот тренер.

Тиана Вучева:

6.Битола е спортски град. Дали им советувате на девојчињата да се занимаваат со фудбал?

6. Да спортот во Битола отсекош бил на прво место и покрај тоа што повеќето сметаат дека фудбалот е машки спорт и девојчињата имаат многу талент, а повеќето се упорни кои се трудат да успеат па вреди на таквите да им се даде шанса. Спортот сметам дека не треба да го делиме на машки и женски туку треба секој од нас да проба да се занимава со било кој спорт.

Теона Вучева:

7.Кој вие ваш омилен фудбалер/фудбалерка и омилен тим за кој што навивате ?

7.  Мене омилени фудбалери од секогаш ми биле Икер Касиљас и Лука Модрич, а доколку треба да се издвои по голманска линија секако ќе го изберам Касиљас , а на Тиана идол и е Марсело, а најголема инспирација и мотивација гледа од Елиф Елмас.

Тиана Вучева:

8.Имате ли хоби за кое што сакате да ни раскажете нешто повеќе ?

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

8. Имаме хоби. Подолго време се занимаваме со цртањето. Од мали нозе постепено ги усовршувавме техниките и вештините кон цртежите и имаме желба за успех и во оваа сфера од животот. Па така благодарение на нашите напори денес имаме постигнато прилично голем успех, посебно кога се работи за наша годишна возраст. Нашите желби полека се остваруваат, нашите цртежи стигнаа и до Немања Матиќ,фудбалерот на Манчестер Јунајтед и се надеваме дека конечно ќе дојде до средба со него. А во иднина како и секој поединец имаме големи надежи и веруваме дека можеме да постигнеме уште многу други поголеми успеси.

Вредните раце на Теона и Тиана го насликаа фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ

Теона Вучева:

9.Каква порака ќе им испратите на читетелите на јависејужна.мк ?

9. Според мене страната јависејужна.мк, е една од подобрите во Македонија која покрај гол.мк, ја информира јавноста со спортот во нашата држава . Таа можеби е и единствената страница која редовно го прати женскиот фудбал. Многу ми е мило што и во нашата земја има ваква страница која не го дели женскиот од машкиот фудбал. Им препорачувам тие што не ја следат да ја заследат страницата бидејќи за мене е една од подобрите за спорт во Македонија.

Share280Tweet
Претходна вест

(Видео) Потези и голови на Мојсоска кои и ја одбележаа кариерата

Следна вест

Чеферин: Најдоцна до 3. август ќе заврши Лига на шампиони

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

Чеферин: Најдоцна до 3. август ќе заврши Лига на шампиони

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.