Ангел Стојкоски од Струга годинава преработи две македонски народни песни “Ајде поминувам заминувам” и “Вино ми се пие” кои оставија голем впечаток кај публиката.
Ангел за www.javisejuzna.mk ни изјави дека оваа година има голем број на настапи низ целата наша држава. Најавува и нова авторска песна по завршувањето на сите закажани настапи, комплетирање на првиот албум со една убава промоција и многу други изненадувања.