
Фриментл Докерс обезбедија плејоф на АФЛ за првпат после 2015, откако во дваесет и првото коло ги совладаа Вестерн Булдогс со (11.12) 78-95 (14.11).
Со новите четири поени, Докерс дојдоа до четвртото место на табелата, додека Булдогс останаа на десеттата позиција и ги загрозија своите шанси за плејоф.
На натпреварот, со исклучок на првата четвртина, гостите од Западна Австралија ја држеа контролата во свои раце и речиси до крајот имаа двоцифрена предност.
Кај победничката екипа, најефикасни поединци во нападот беа Рори Лоб (4.2) и Мајкл Фредерик (3.1).
На спротивната страна, хет-трик постигнаа Арон Нотон (3.0) и Коди Вајтмен (3.0).