Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, имаше деби од соништата на домашен терен во дресот на Абердин.
Нашиот интернационалец постигна два гола во убедливата победа над Сент Мирен од 4:1. Миовски прво го начна противникот со прецизен удар од белата точка во 24 минута, а петнаесетина минути подоцна го постигна и вториот гол.