
Во претпоследното коло од англиската Лиг 2, Стивениџ го запиша првиот домашен триумф над Гримзби после 2019.
Имено, претставниците на Хертфордшир славеа со резултат од 2-0, кој ги искачи на второто место на табелата.
Новите три бода му донесоа на популарниот ,,Боро” и обезбедено враќање во Лиг 1 после десет години, додека Гримзби остана на дванаесеттата позиција.
На натпреварот, двата гола паднаа во второто полувреме, а стрелци беа Џејми Рид (57′) и Лутер Вилдин (67′).