
Од почетокот на дваесет и првиот век, екипата на Елгин се натпреварува во професионалниот шкотски фудбал.
Истиот статус беше ставен во неизвесност поради лошата сезона на тимот од Северот, но сепак, четвртолигашкиот фудбал ќе продолжи да се игра на ,,Бороу Бригс”.
Во претпоследното коло од шкотската Лиг 2, Елгин успеа да избори опстанок со триумфот од минимални 1-0 над Дамбартон.
За домашниот состав, херој беше Рос Дрејпер (90+4′), кој го постигна првиот гол во ,,црно-белиот” дрес во последните мигови од натпреварот.
Дамбартон, кој ја помина речиси цела сезона на врвот, влезе во лоша серија во финишот и го обезбеди второто место, односно загарантира плејоф за влез во Лиг 1.