
Плимут Аргајл поврза пет победи во низа и обезбеди промоција во Чемпионшип за првпат после 2010.
,,Аџиите”, во претпоследното коло од Лиг 1, триумфираа со минимални 1-0 над Бартон Албион и го задржаа првото место на табелата.
Човекот, кој му донесе второлигашки фудбал на Плимут беше Најал Енис (45′) во финишот на првото полувреме со третиот гол на последните три средби.
На табелата, единствената дилема за Плимут е дали ќе успее да ја освои титулата пред Ипсвич во последното коло, додека Бартон има сигурен опстанок со седумнаесеттата позиција.