Женската репрезентација на Србија го отвори настапот на Олимписките игри во Токио со победа во дуелот со Канада (72-68).
Мирната и стабилна игра во првиот дел им овозможи на српските кошаркарки да стекнат почетна предност. Во еден момент, на три минути пред паузата, Србинките побегнаа на 29-19 и покажаа зошто се фаворитки за бодовите на овој натпревар. Тина Крајишник и Соонња Васиќ беа најзаслужни за одличното полувреме во корист на избраничките на Марина Маљковиќ.
Канаѓанките подобро отворија во продолжението. Советите на селекторот кај северноамериканската репрезентација донесоа поинаков пристап и серија со која водството на Србија целосно беше анулирано. Фаворитот застана да игра и постигна само девет поени во третиот квартал, што беше најава за неизвесна борба до крајот на мечот.
Српските репрезентативци ја вратија ефикасноста во завршните моменти. Со тоа одново се одлепија од Канада и направија клучна разлика за победа. Васиќ продолжи каде што застана во првото полувреме и мечот го заврши со 16 поени. Кај Канада, најдобри беа Филдс со 19 поени и Нурс со 16 поени.