
Северстаљ Череповец ја запиша втората овосезонска победа, откако со пресврт славеше над Металург Магнитогорск со 3-4.
Во втората третина, Металург стекна предност од 3-0 со головите на Максим Карпов, на Филип Маје и на Семјон Кошелев во интервал од неполни четири минути.
Сепак, во третиот период, гостите притиснаа и дојдоа до израмнување од 3-3 со биланс на шутеви од 2-13 во последните дваесет минути.
Во продолжението, херој на Северстаљ беше Александер Петунин, кој воедно го постигна и израмнувачкиот гол на 56 секунди пред крајот на регуларниот дел.
Од неговите соиграчи, мрежата на Едвард Пасквале ја затресоа уште Данил Вовченко и Иван Јемец.
На Истокот, Металург се наоѓа на четвртото место, додека клубот од Череповец е петти во Западната конференција.