Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми е прогласен за најдобар фудбалер на теренот на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Челси, во кој неговиот тим славеше со 1:0.

Динамо Загреб ја оствари една од најголемите победи во својата историја во Лигата на шампионите, а Аријан Адеми сосема заслужено беше играч на натпреварот.