среда, ноември 18, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Седум од десет екипи се бореа за промоција во ирската втора лига

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 27, 2020
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Вовед:
Ситуацијата во ирската Дивизија 1, односно втората лига, во пресрет на последното коло беше повозбудлива од кога и да е. Имено, за промоција и за плејоф се бореа дури седум од вкупните десет екипи.
Ситуацијата на последнопласираниот Вексфорд беше позната уште од пред три кола, додека резервниот тим на актуелниот шампион, Шамрок Роверс 2 и Атлоун се бореа за чесното осмо место.
Што се однесува до промоцијата, само шампионот изборува директен пласман во првата лига, додека тимовите од второто до петтото место играат во меѓусебен плејоф, а победникот се соочува со претпоследниот прволигашки тим.
Дрогеда Јунајтед беше на првото место со бод предност во однос на второпласираните Бреј Вондерерс, додека во плејоф-зоната се наоѓаа уште УК Даблин, Лонгфорд и Кабинтили, наброени по бодовен редослед. Освен овие пет екипи, два бода заостаток и надеж за плејоф имаа уште Голвеј Јунајтед и Коб Рамблерс.
Од првата лига, релегиран ќе биде шампионот од 2017, Корк Сити, а во плејаут, со победникот на второлигашкиот плејоф, по вторпат во низа ќе учествува тимот на Фин Харпс.

Резултати од последното коло:

Атлоун 0-1 Бреј Вондерерс
Кабинтили 0-2 Дрoгеда Јунајтед
Коб Рамблерс 0-0 Шамрок Роверс 2
Голвеј 2-2 УК Даблин
Вексфорд 2-1 Лонгфорд

Епилог:
Ситуацијата на табелата остана речиси непроменета, иако имаше доста потенцијал за да се случат неочекувани промени. За Дрогеда, сè тргна како „подмачкано“, кога во завршницата на првото полувреме, Кабинтили остана со играч помалку по вториот жолт картон на младиот дефанзивец Џонатан Карлин. Во продолжение, клубот што е збратимен со турски Трабзонспор поради истите бои и обележја, избори промоција во највисокиот фудбалски ранк во Ирска за првпат после 2017.
Во борбата за плејоф, Лонгфорд неочекувано загуби од Вексфорд, кој ја оствари својата втора победа во цела сезона, а тоа му пружи шанса на Голвеј за „крадење“ на шестото место. Сепак, момците од регионот Конахт, иако водеа со 1-0 против УК Даблин и иако имаа шанси за победа во завршницата, останаа без зацртаната цел, ремизирајќи со 2-2.
Во полуфиналето на плејофот, силите ќе ги одмерат Бреј Вондерерс и Кабинтили, односно УК Даблин и Лонгфорд.

https://www.instagram.com/p/CG3KpLPKDFv/?igshid=8t4z68oy0w0j

Tags: Дрогеда ЈуанјтедИрскаФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Најџел Доус најзаслужен за триумфот на Казањ над Нефтехимик

Следна вест

(ВИДЕО) Гол во осмата секунда за седмиот триумф на составот предводен од Пауновиќ

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички
Кошарка

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Ное/2026
Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Следна вест

(ВИДЕО) Гол во осмата секунда за седмиот триумф на составот предводен од Пауновиќ

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.