АК Барс Казањ, денес ја запиша својата втора победа во низа, откако очекувано, но со потешкотии, го совлада аутсајдерот Нефтехимик од Нижњекамск.
После првата третина, Казањ водеше со 1-0 преку голот на Стефан Да Коста.
Во вториот период, гостите направија пресврт, благодарение на Рафаел Бикмулин и на Александер Осипов, но само три минути подоцна, Најџел Доус израмни на 2-2.
Овој резултат беше актуелен сè до последните две минути, кога Доус повторно стрелаше за конечни 3-2 и нови два поени за АК Барс.
Во Источната конференција, АК Барс Казањ е прв, додека Нефтехимик, кој сега има четири врзани порази, ја зазема претпоследната позиција.



