
Во дисциплината ски-крос во фристајл скијање во женска конкуренција, Швеѓанката Сандра Неслунд дојде до првото олимписко злато во кариерата.
Неслунд беше најбрза во големото финале, добивајќи го седмото злато за Шведска на ЗОИ 2022.
На втората позиција заврши Мариел Томпсон, која го освои јубилејното дваесетто одличје за Канада на тековните Зимски олимписки игри.
Во битката за бронза, Фани Смит помина преку целната линија како трета, но после детална анализа, поради претходен контакт, беше рангирана како четврта.
Од целата ситуација ,,профитираше” Германката Даниела Мајер, која го постигна најдобриот резултат во својата кариера и се закити со бронза.
Во малото финале, Британи Фелан беше најбрза пред Куртни Хофос, пред Хана Шмид и пред Семи Кенеди-Сим.