На пет од шесте Зимски олимписки игри во 21. век, женската репрезентаци на Канада освои злато во хокеј на мраз.
Во денешното финале, Канаѓанќите ги поразија САД со резултат од 3-2.
Во првата половина од натпреварот, победничкиот состав стекна предност од 3-0 со головите на Сара Нурс и на Мари-Филип Пулан (х2).
На денешниот меч, Пулан испиша историја и стана првата хокеарка во историјата, која постигнала погодок на четири олимписки финалиња (2010, 2014, 2018 и 2022).
Во продолжение, Американките направија опсада кон противничкиот гол и двапати ја затресоа противничката мрежа преку Хилари Најт и преку Аманда Кесел.
Голманката на Канада, Ан-Рене Дебиен, имаше одличен неч со 38/40 одбранети противнички шутеви (95%).
Во битката за бронзата, Финска ја порази Швајцарија со убедливи 4-0.