Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос по четири сета.
Шпанецот го доби мечот со 3:1 во сетови 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4). Ѓоковиќ одбрани три меч-топки во тај-брејкот од четвртиот сет, но сепак “Бикот од Мајорка” беше подобар и заслужено славеше.




