Првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НХЛ донесе вистински спектакл со дури четиринаесет голови.
Имено, Колорадо Аваланш го искористија домашниот терен и поведоа со вкупни 1-0 против Едмонтон Оилерс, откако ги совладаа со 8-6.
На мечот, головите се редеа како на трака, а по третини, резултатот гласеше 3-2, 4-2 и 1-2.
Кај Колорадо, единствен со два гола беше Џеј Ти Комфер, а по еден погодок запишаа Нејтан МекКинон, Кејл Макар, Назем Кадри, Мико Рантанен, Ендру Кољано и Габриел Ландеског.
Од друга страна, канадските претставници имаа шест различни стрелци, односно Евандер Кејн, Зек Хајман, Рајан МекЛиод, Конор МекДејвид, Дерек Рајан и Рајан Нуџент-Хопкинс.