Во десеттото коло од тековната Лиг 1 сезона, силите ги одмерија двата лути ,,истоимени” ривали – МК Донс и Вимблдон.
Ова дерби е познато поради својата контроверзност. Имено, МК Донс е тим што настанал на почетокот на 21. век, веднаш по преселувањето на поранешниот клуб Вимблдон во градот Милтон Кинс. Оваа идеја првично била одбиена, но тогашниот претседател на Вимблдон, Чарлс Копел, решил да го пресели клубот 90 километри северо-западно. Две години подоцна, во 2004, клубот го сменил своето име во Милтон Кинс Донс. Акронимот „Донс” доаѓа од претходното име на тимот – Вимблдон.
Незадоволните фанови на Вимблдон веднаш покренале иницијатива и уште истата година (2002) основале нов клуб наречен АФК Вимблдон. Клубот забележал рапиден успех и во 2012 веќе заигра во англиската четврта лига.
На денешниот меч, двата тима постигнаа по еден погодок за конечни 1-1. Двата погодоци паднаа во првите тринаесет минути – Вимблдон поведе преку Џоу Пигот (10′), а три минути подоцна, МК Донс израмнија благодарение на Скот Фрејзер.
Првиот натпревар помеѓу двата ривали беше одигран на 2 декември 2012 во рамките на втората рунда од ФА Купот. Тогаш МК Донс победија со 2-1. Оттогаш па сè досега, екипите одиграа вкупно девет дуели од кои шест победи имаат МК Донс, две победи АФК Вимлдон и два натпревари заврши нерешено со 0-0, односно денешниот со 1-1.