По првиот освоен поен во претходното коло, денес, фудбалерите на Викомб ја остварија и својата прва второлигашка победа во историјата.
Вондерерс на средбата од деветтото коло го совладаа тимот на Шефилд Венздеј со минимални 1-0.
Токму Венздеј е единствениот клуб, кој е позади Викомб на табелата, бидејќи има дванаесет одземени поени.
Стрелец на единствениот гол беше Дејвид Вилер (45+2), кој го заби својот прв погодок сезонава.
Интересно е дека тренерот на Викомб, Герет Ејнсворт, беше отсутен поради операција на грбот, па победничкиот состав го предводеше неговиот помошник – Ричард Добсон.