Вториот настан од Светското првенство во крос-кантри, одржано во Оберстдорф, беше скијатлонот во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, кои скијаа на петнаесет километри, очекувано славеше Терезе Јохауг (38:35,50), додека среброто, после фото-финиш, го освои Фрида Карлсон (+30,00) пред Еба Андерсон (+30,20).
Во продолжение, сите останати натпреварувачки заостануваа над една минута, а во топ 5 се пласираа Тереза Штадлобер (+1:11,40) и Шарлот Кала (+1:12,10).
Од друга страна, мажите се тркаа на триесет километри, а до првото злато на светските првенства дојде Александер Болшунов (1:11:33,9).
Русинот им зададе ,,тежок” удар на Норвежаните, кои ги заземаа наредните пет позиции преку Симен Хегштад Кругер (+1,1), Ханс Кристер Холунд (+1,7), Јоханес Клебо (+21,5), Емил Иверсен (+22,1) и Сјур Роте (+47,3).
📸 Vianney Thibaut/NordicFocus/Getty Images



