Првата трка после СП во алпско скијање во машка конкуренција беше одржана денес во Банско во дисциплината велеслалом.
После двете серии, најдобар беше Хрватот Филип Зубчиќ (2:20,62), кој победи по вторпат сезонава, односно по третпат во кариерата.
Првопласираниот после првото скијање и новиот светски шампион во истата дисциплина, Матје Февр, го освои второто место (+0,40).
До првиот подиум во кариерата дојде скијачот со стартен број 24, Штефан Бренштајнер (+0,93), кој приреди огромна сензација.
Водечкиот во вкупниот поредок, Алексис Пантуро (+1,06), мораше да се задоволи со четвртата позиција, откако го загуби стапот во горниот дел на патеката при второто скијање.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Марко Одермат (+1,52), Мануел Фелер (+1,63), Тибо Фавро (+1,77), Лоик Мејар (+1,82), Стефан Хадалин (+1,97) и Марко Шварц (+2,09).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images



