Македонските репрезентативни напаѓачи Илија Несторовски и Александар Трајковски се во голгетерска форма пред настапите на Македонија во новото издание на Лига нации против Ерменија и Грузија.
На пријателски натпревари тимот на Мајорка го совлада Тенерифе, а стрелец на еден од погодоците беше Александар Трајковски, додека Илија Несторовски беше стрелец за Удинезе на мечот против Виченца кој заврши со резултат од 3:2.



