Бразилецот Алан кој има 29-години и игра на средината на теренот и досегашен соиграч на Елиф Елмас од Наполи, парафираше договор со тимот на Евертон од ,,Гудисон парк”. Трансферот ќе изнесува 25 милиони евра плус 5 милиони евра во вид на бонуси.
Во Евертон Алан повторно ќе соработува со Карло Анчелоти со тренер кој најмногу напредуваше додека Анчелоти беше на клупата на наполитанците. За само половина година цената на одличниот бразилец падна од 50 на 25 милиони евра. Претходно за Алан беше заинтересиран тимот на ПСЖ.



