Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе на познатата патека во Имола во ТЦР шампионатот го освои првиот подиум и првите поени за оваа сезона по пропуштените две трки поради корона вирусот и затворените граници.
Стефановски имаше одличен старт и веднаш се проби помеѓу првите тројца возачи, при што го загуби втророто место од конкурентот Редуци, но поради санкција на Редуци нашиот автомобилист го зазеде тоа второ место на подиумот. Во 2016 година Стефановски на оваа патека беше на првото место.