Портсмут и Оксфорд Јунајтед се соочија во првиот полуфинален дуел од овогодинешниот плејоф на Лиг 1 – англиската трета лига.
На „Фратон Парк“, Портсмут поведе во 32. минута преку голот на Ронан Куртис, кој на почетокот на натпреварот погоди и статива. До крајот на полувремето, Оксфорд израмни преку Маркус Браун. Во вториот дел не падна ниту еден погодок, па резултатот од 1-1 се покажа како конечен.
Реваншот на „Касам Стадиум“ во Оксфорд ќе биде одигран на 6 јули (понеделник) со почеток од 18:00 часот.
Во другото полуфинале, силите ќе ги одмерат Флитвуд и Викомб. Директен пласман во Чемпионшип изборија Ковентри и Ротерам.