Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ би можел да се врати во Серија А следната сезона. Хрватот во 2019.година го напушти Јувентус и се пресели во Катар во тимот на Ал Духаил за кои одигра само седум натпревари.
За него интерес пројавува Беневенто кои под палката на Филипо Инзаги обезбедија пласман во Серија А за следната сезона. Беневенто на Хрватот му нуди годишна плата од 3.5 милиони евра по сезона.
Овој клуб се враќа по само две години во најсилната фудбалска конкуренција во Италија, откако на седум кола пред крајот на Серија Б имаат дури 24 поени предност во однос на второпласираниот Кротоне.