Македонската ракометна репрезентативка Марија Николиќ нема да менува средина и наредната сезона ќе игра за грчки ПАОК.
Пивотот беше на истек на договорот, меѓутоа двете страни се договорија за продолжување на соработката. Николиќ е важен дел од тимот на ПАОК, па затоа тренерот и управата направија се за да ја задржат во тимот и в година.
26-годишната Николиќ во последната регуларна сезона се радуваше на „двојната круна“ во грчкиот ракомет, а со новиот договор, четврта година по ред ќе биде дел од амбициозниот ПАОК.