
Откако доживеаја релегација од Чемпионшип минатата сезона, Викомб Вондерерс ќе целат кон повторно враќање во второлигашкото друштво.
Иако го продадоа едниот од главните адути, Уче Икпеазу, избраниците на Герет Еинсворт добија нов соиграч.
Станува збор за искусниот напаѓач и репрезентативец на Велс, Сем Воукс, кој пристигна на ,,Адамс Парк” од редовите на Стоук.
Воукс потпиша едногодишен договор со Викомб со опција за продолжување на уште една сезона, но цената засега останува непозната.
Неговиот стил на игра во потполност се совпаѓа со стилот на Адебајо Акинфенва што значи дека напаѓачкото дуо на Вондерерс, поткрепено со асистирањата на Џоу Џејкобсон, ќе претставува голема закана за клубовите од Лиг 1.
Од 2019 до 2021, Воукс одигра 78 мечеви за Стоук, на кои постигна само осум погодоци.
Најблескав дел од неговата кариера беше периодот од 2012 до 2019, кога, носејќи го дресот на Барнли, на 230 средби постигна 56 голови во Премиер лигата и во Чемпионшип.
,,Искуството на Сем зборува само за себе. Има одиграно 64 средби за Велс, има дадено гол во четвртфинале на ЕУРО, има изборено промоција во Премиер лигата трипати и има постигнато многу голови за Барнли во првите две дивизии.”
,,Тој е перфектниот избор за нас, кога станува збор за карактерот и за начинот на кој игра. Влечејќи ги напред креативните офанзивни фудбалери и постигнувајќи многу голови, Воукс е идеалниот човек за предводење на нашиот напад во Лиг 1 оваа сезона.” – се огласи тренерот на Викомб – Герет Еинсворт.