
Стрелачката Алесандра Перили испиша историја на Олимписките игри во Токио со освоената бронза во стрелање во мети.
33-годишната олимпијка од Сан Марино го освои првиот олимписки медал во историјата на оваа мала апенинска земја, откако имаше учинок од 29 погодоци.
Од денес, Сан Марино стана најмалата држава во светот што освоила медал на Олимписките игри, поради фактот дека брои помалку од 34 000 жители.
Пред Перили, на второто место заврши Американката Кејл Браунинг, која беше прецизна 42 пати.
Најуспешна од сите, со нов олимписки рекорд од 43 поени, беше Зузана Рехак-Штефечекова, која дојде до првиот медал за Словачка на ЛОИ 2020.