
Во финалето на пинг-понг на ЛОИ 2020 во машка индивидуална конкуренција ќе се сретнат двајца Кинези.
Станува збор за двајцата прворангирани играчи на светската ранг-листа, односно Фан Жендонг и Ма Лонг.
Фан има 24 години и е во состојба да го порази секој противник со својот напаѓачки стил на игра со десна рака.
На ист начин се натпреварува и Ма Лонг, кој е далеку поискусен со своите 32 години.
Во меѓусебните мечеви, Лонг води со 13-4, но Фан славеше на три од последните четири средби.
На патот до финалето, Фан ги порази Емануел Лебесон (4-0), Маркос Фреитас (4-1), Јонгсик Џоунг (4-0) и Јун-Џу Лин (4-3).
Од друга страна, Ма Лонг ги елиминираше Камал Ачанта Шарат (4-1), Симон Гози (4-1), Омар Асар (4-1) и Димитриј Овчаров (4-3).
Финалето ќе се одигра утре (30 јули) со почеток од 14.00 часот по македонско време.
Во него, Лонг ќе се обиде да ја одбрани титулата од Рио 2016, додека Фан ќе го бара првиот олимписки медал.