На олимписката трка во биатлон во машка штафета, Норвешка (1:19:50,2) дојде до титулата во неизвесен финиш.
Во пресрет на последното стрелање, Русија имаше убедлива предност, но двата истрчани кругови на Едуард Латипов го ставија под знак прашалник пласманот на пиедесталот.
Од целата ситуација профитираа токму Норвежаните, кои со прецизното пукање на Ветле Сјастад Кристијансен избија во убедливо водство.
Франција (+27,4) успеа да заврши на втората позиција и да освои сребро што воедно е најдобар пласман на оваа нација на машката штафета на ЗОИ.
Русија (+45,3), од провизорно злато, накрај мораше да се задоволи со бронза, а четвртото и петтото место ги освоија Германија (+1:04,3) и Шведска (+1:49,4).
За репрезентациите на подиумот настапија:
- Норвешка (Стурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо, Јоханес Тингнес Бо и Ветле Сјастад Кристијансен)
- Франција (Фабиен Клод, Емилиен Жакелан, Симон Дестио и Квентин Фијо Маје)
- Русија (Саид Камирула Халили, Александер Логинов, Максим Цветков и Едуард Латипов)