
На женскиот олимписки спуст во алпско скијање до победата дојде одличната Корин Сутер.
Швајцарката (1:31,87) беше најбрза на олимписката патека што беше доволно за освојување на првиот медал од ЗОИ во својата кариера.
Феноменален успех направи шампионката од Пјонгчанг 2018, Софија Гоџа (+0,16), која денес се закити со сребро.
Гоџа беше отсутна од изминатите шест трки во Светскиот куп и на ЗОИ, откако мораше да ја рехабилитира повредата стекната со падот на супервелеслаломот во Кортина д’Ампецо на 22 јануари.
,,Во мене пронајдов неверојатна сила и скијав со брзина на светлината. Задоволна сум што дадов сè за да бидам овде денес. Задоволна и благодарна сум што успеав да освојам нов медал и среќна сум за мене.” – се огласи Гоџа.
Со бронза се закити уште една Италијанка, Надја Делаго (+0,57), која дебитираше ЗОИ, а воедно заврши во топ 3 за првпат во сениорската кариера.
Германката Кира Вајдле (+0,71) го освои четвртото место, а петтопласирана беше Елена Куртони (+1,00).