
Победник на втората трка од Светскиот куп во санкање, одржана во Сочи, Русија, беше Јоханес Лудвиг (1:44,626), кој ја започна сезоната со максимален учинок.
После првото санкање, Германецот го држеше дури дваесеттото место, така што во втората серија беше приморан да натсанка деветнаесет конкуренти.
Првата серија најави лудило со оглед дека дваесет и осум санкачи заостануваа под една секунда во однос на првопласираниот Кристерс Апарјодс (52,116).
Летонецот беше најголем трагичар со тоа што го заврши денот на петтото место (+0,401), откако постави осумнаесетто време во втората серија.
По вторпат во низа, на второто место се пласираше актуелниот шампион Феликс Лох (+0,158), кој беше дури петнаесетти после првиот дел.
Русинот Роман Репилов (+0,208) ја освои третата позиција, а третопласираниот од првата трка во Јанкинг, Макс Лангенан (+0,394), заврши како четврти.