
Салават Јулаев Уфа ја започна со пораз својата мини-серија на крајниот исток.
Имено, ,,Зелените” беа поразени со резултат од 2-1 од Амур Хабаровск што претставува прва меѓусебна загуба во 2021.
Уфа го отвори резултатот со голот на Теему Хартикаинен во деветтата минута, но ,,Тигрите” експресно израмнија после десет секунди преку Данил Фаизулин.
Во почетокот на вториот дел, Давид Томашек го надмудри Јуха Метсола и го комплетира целосниот пресврт на Амур.
Гостите бркаа негатива во останатиот дел од мечот, но домашниот голман, Јевгени Аликин, ги одбрани сите 25 шутеви во втората и во третата третина.
И покрај поразот, Салават остана на четвртото место во Источната конференција, додека Амур ја зазема деветтата позиција.