
На втората овосезонска тимска трка од Светскиот куп во санкање, одржана во Сочи, Русија, подиумот изгледаше целосно поразлично во однос на првата од Јанкинг, Кина.
Имено, на подиумот се пласираа три селекции од кои, највисоко котираше домаќинот Русија (2:45,808) во состав од Викторија Демченко, од Семјон Павличенко и од дуото Андреј Богданов/Јуриј Прохорков.
На втората позиција заврши Германија (+1,292), односно Ана Берајтер, Јоханес Лудвиг, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт, а Летонија (Кендија Апарјоде, Кристерс Апарјодс, Андрис Шикс и Јурис Шикс) го освои третото место (+1,672).
Од останатите селекции, комплетниот распоред гласеше: Романија (+2,506), Италија (+2,799), Австрија (+3,897), Полска (+4,383), САД (+4,672), Кина (+7,362) и Јужна Кореја (+9,782).