
Судејќи по досегашниот тек на паузата помеѓу двете сезони, Хадерсфилд драстично се ,,зарази” од синдромот наречен ,,пораз во финалето на плејофот на Чемпионшип”.
Имено, ,,Териерите” неочекувано останаа без својот тренер Карлос Корберан, а притоа загубија единаесет фудбалери.
Два од нив, кои беа столб на играта минатата сезона, Луис О’Брајан и Хари Тофоло, во ист ден се преселија во новиот премиерлигаш – Нотингем Форест.
Нотингем значително се засили во пресрет на првата прволигашка сезона после повеќе од две децении со тоа што, освен О’Брајан и Тофоло, доведе уште осум играчи.
Помеѓу нив се наоѓаат:
– Таиво Авонији (20,5 милиони евра од Унион Берлин)
– Неко Вилијамс (20 милиони евра од Ливерпул)
– Муса Ниахате (10 милиони евра од Маинц)
– Џулијан Бјанконе (10 милиони евра од Труа)
– Омар Ричардс (8,5 милиони евра од Баерн Минхен)
– Брендон Агилера (950 илјади евра од Алахуензе)
– Вејн Хенеси (бесплатно од Барнли)
– Дин Хендерсон (позајмица од Манчестер јунајтед)