Во клучниот меч од групната фаза, машката селекција „Под 20“ години ја победи Грузија (76:73) за место во „осумката“ најдобри
Во натпревар исполнет со голем број на резултатски пресврти, на крајот и неизвесна завршница, избраниците на селекторот Никола Василев беа подобри од домаќинот на првенството Грузија. И со скор од три победи и еден пораз, како второпласирани во групата „Б“ (зад непобедената Шведска) ќе играат во четвртфиналето.