Четврто коло од Прва ЖФЛ во најинтересниот натпревар во ова коло во кое што ни понуди многу квалитетен неизвесен и возбудлив меч. На стадионот ,,Павел Шатев” во Битола домашната екипа на ЖФК Топ Гол уште на стартот имаше водство од два гола разлика, најпрвин Топ Гол поведе со голот на Петровска Теодора во 6 минута за веднаш да биде дуплирано водството на 2:0 со голот на Гелевска Габриела во 9 минута.
Кога се помисли дека натпреварот е решен и дека бодовите ќе заминат за домашната екипа, гостинската екипа на ЖФК Ас Јунајтед преку Илза Максути намали на 2:1, а Оливера Цоклеска во 33 минута израмни на 2:2 и средбата ја врати во егал и со овој резултат се замина на полувреме.
По мирниот старт на второто полувреме, стружанки во 62 минута со голот на Илза Максути направи целосен пресврт за водство од 2:3. Во финишот на натпреварот Топ Гол во 80 минута израмни на 3:3 со голот на Габриела Гелевска.
Крајниот завршен удар го зададе тимот на Ас Јунајтед кога Илза Максути во 86 минута постигна гол за 3:4 и комплетира нов хет-трик во нејзината кариера за голема победа од тешкото гостување во Битола против квалитетна екипа.
Ваквите натпревари само докажуваат дека во Македонија се игра квалитетен женски фудбал и дека во идина треба да му се посвети повеќе внимание и респект кон тимовите во лигата.
ЖФК Топ Гол: Ничевска Марија, Бумбароска Теодора, Нешковска Ана, Китанова Билјана, Гоцевска Анита, Талевска Маргарита, Петровска Теодора (К), Гелевска Габриела, Јанковска Теодора, Љондевска Елена и Ковачева Стефани. Настапија уште во вториот дел: Размовска Македонка и Трајческа Теодора.
ЖФК Ас Јунајтед: Суарта Речи, Синдис Положани, Александра Поповска, Илза Максути, Ера Стеблева, Адили Арлинда (К), Оливера Цоклеска, Мојсоска Кристина, Александра Симоноска, Едина Сулејмани и Веса Села. Настапија уште во вториот дел: Илиеска Марта и Далческа Теодора.
Стадион: ,,Павел Шатев” Битола
Резултат: ЖФК Топ Гол 3:4 ЖФК Ас Јунајтед
Стрелци: Петровска Теодора 6 минута, Гелевска Габриела 9 и 80 минута за Топ Гол. Илза Максути 10, 62 и 86 минута, Оливера Цоклеска 33 минута за Ас Јунатед.



