Њујорк Ајландерс се последните полуфиналисти во тековната НХЛ сезона.
Ајландерс, во четврт-финалната серија, во седум натпревари, беа поуспешни од Филаделфија Флаерс.
Последниот меч беше одигран синоќа и заврши со резултат од 0-4 во корист на тимот од Њујорк.
Стрелци на головите беа Скот Мејфилд и Енди Грини во првата, Брок Нелсон во втората и Ентони Бовилие во третата третина.
Томас Грајс стана единствениот голман во историјата на Њујорк Ајландерс (заедно со Чико Реш во 1975) што не примил гол во ,,мајсторка”.
Германецот стоеше на голот на тимот од Њујорк во победата од 0-4 над Филаделфија Флаерс.
Во полуфиналето, Ајлендерс ќе отидат на мегдан на Тампа Беј Лајтнинг.



