Роналд Куман не се двоумеше при понудата да седне на клупата на Барселона, а со таа негова одлука го остави испразнето селекторското место во репрезентацијата на Холандија.
Сепак ,,Лалињата” кратко ќе бидат без селектор затоа што на иницијатива на неколку репрезентативци како што се: Рајан Бабел, Вирџил ван Дајк, Дени Блинд, Матиас де Лигхт и Кевин Стротман доставиле барање до федерацијата кое веднаш било прифатено стручњакот Хенк тен Кате да биде нов кормилар.
Хенк тен Кате често пати беше кандидат да биде предводник на Холандија, но секогаш на негово место влегуваше Дик Адвокат. Холанѓанецот има големо искуство кое што ќе биде доволно со играчкиот потернцијал на репрезентацијата да го претвори во успех.