1.Кога се роди љубовта кон фудбалот ?
– Љубовта кон фудбалот се случи кога имав шест години и тоа во Рапид од Виена.
2. Кој ти ги покажа тајните на фудбалот, кој беше твојот прв ментор ?
– Тајните на фудбалот ми ги покажа татко ми, Милан Наумоски кој воедно ми беше прв мој ментор.
3. Ако не беше фудбалер. Илчо со која професија друга би се занимавал ?
– За мене не постои ниедна друга професија освен фудбалот.
4. Какви карактеристики треба да поседува еден напаѓач ?
– Според моите карактеристики, јак, висок, силен, мене господ ме надарил да имам и техника.
5. Вистински ли се шпекулациите дека во текот на кариерата имаше можност за потпис со Рома ?
– Да вистина е. Се случи Капело да ме гледа на натпревaр помеѓу Гак и Борусија, потпишав и преддоговор во Милано, но за моја несреќа Гак ја крена дупло оштетата одошто првичниот нивен договор и трансферот пропадна, па место мене Рома мислам дека го ангажираа норвежанецот Kару од Валенсија.
6. Колку клубови имаше во текот на кариерата и во кој се чуствуваше најдобро ?
– Јас настапував за вкупно седум клубови, од кои што најубав период поминав во Гак и Матерзбург.
7. Роден си во Австрија. Настапуваше за Македонија. Имаше ли тешка одлука за која репрезентација да настапуваш ?
– Се одреков од австрискиот пасош само за да играм за Македонија во времето кога најмногу ми беше потребен тој Eвропски пасош за да можам да направaм кариера, но јас никогаш не зажалив за изборот, со срце играв за Македонија. Ретко кој може да направи таков избор верувајте ми.
8. Какви се твоите гледишта за клупскиот и репрезентативниот фудбал во Македонија ?
– Во последниве три години Вардар и Шкендија направија успех и го кренаа рејтингот дупло одошто претходно. А репрезентацијата има огромен потенцијал и да направиме успех и да одиме на Европско првенство.
9. Што работиш по фудбалската кариера ?
– Сега сум тренер и во последниве четири години, три години бев во Кина, а една сезона и во Србија во Прва лига во тимот на Динамо Врање. Моментално работам како скаут во Австрија.
10. Кои се твоите идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на јависејужна.мк ?
– Плановите ми се да бидам успешен тренер. Сакам еден ден да бидам селектор на Македонија и ќе гинам за успех како тоа што го правев како играч. Но едно ќе кажам нема да се умилкувам и нечесно тоа да го правам како што е во сегашнава гарнитура каде што еден со друг се кодошат само за да останат во федерација.