Македонија вчера го одигра првото коло од групата Г на Мундијалот во Египет. Епилогот е пораз од 32:20. Само првата половина од првото полувреме нашите репрезентативци држеа играчка и резултатска контрола потоа влеговме во негативна серија по која што не успеавме да се вратиме. Пораз како пораз воопшто не е страшен посебно ако е на големо натпреварување и против ракометна сила како што е Шведска.
Пред се Македонија влезе како ,,џокер” на првенството и треба да бидеме благодарни што на Тв празничните денови ќе ни бидат исполнети со врвен ракомет во кој што ќе ги гледаме и македонските репрезентативци. Да преминам на играчките елементи. Македонија е држава во која што спортот, на надлежните им е споредна работа. Во клубовите или непрофесионални се работи или воопшто не се работи. Сите оние кои имаат пари полесно им да ги вложат во скапи странски засилувања, а нималку не се мисли кон нашата ракометна иднина и вложување во ракометните школи и развивање на спортските центри и талентите кои произлегуваат.
Веќе и не постои провинциски спорт, како што сакаат тоа да го претстават во Скопје, главен град во кој што се се случува и се се врти на тоа место, без некој видлив успех. Освен во Скопје на ниту едно друго место не постои простор и време во кој што квалитативно и систематски се врши професионална работа. И да се појави некој талентиран игреч тој на 14-15 годишна возраст среќата ја бара во Скопје, а сега се појави и Битола која што го пресликува сето она што се случува во нашиот главен град.
Шведска дојде со скоро Б тим на Миндијалот и барем за момент се надевавме дека ќе може да извлечеме поволен резултат или барем дека ќе бидиме достоен ривал. Но се излажавме, но не сите се излажавме, бидејќи скандинавците имаат ракометна традиција, имаат изграден систем, препознатливи се по нивната работа во младите категории и што е најважно во секој дел од државата нудат беспрекорни услови за сите оние кои ќе одлучат ракометот да им е прв избор за спорт.
Сега повторно се навраќам на МАКЕДОНИЈА, ние започнувајќи од обичниот гледач (фан), па се до медиумите, клубовите, тренерите и ракометарите постојано сме со калкулаторот во раце и пресметуваме колку бодови ни се потребни за пласман во наредна фаза, која е таа една репрезентација која е послаба на хартија од нас за да ја совладаме и да минеме во нокаут фазата и кои репрезентации место нас треба да победат за да добиеме можност за напредок во групата. На овој шампионат, народниот ,,Стручен” калкулатор ни вели да загубиме без борба против Шведска (тоа на првиот меч и се случи), исто сценарио да биде и против Египет и на третиот натпревар против Чиле да ја решаваме нашата судбина.
Што ни преостанува следно ? Стратегија и план се приготвува претходно не се прави тоа директно на едно големо натпреварување. Играчите се тие и не може да се ,,плачиме” кои вредат и колку вредат. Касно е да се вадиме на фактот што тие не играат во клубовите. Младоста не е изговор, бидејќи на иста годишна возраст од нашите репрезентативци, останатите освојуваат Лига шампиони и се во прва ударна постава во нивните земји. Еден лош натпревар, еден лош ден, не треба да се повтори, туку да се научиме од грешките кои и онака премногу ги правиме и да извлечеме поука. Главата горе момци, сте биле критикувани и ќе бидете критикувани, на вас останува да го браните државниот дрес, а не само да ја пеете химната и да докажете дека критиките не се основани и дека резултатите ќе бидат во корист на Македонија.