Македонскиот репрезентативен ракометен капитен Кирил Лазаров, со своите пет гола против Шведска, постави нов рекорд во историјата, а тоа е дава голови на светски првенства во дури четири различни декади.
Првиот гол на Мундијалите, Лазаров го даде во 1999 година, исто така во Египет. Тогаш Лазаров имаше 19 години. Потоа дојдоа десетте години од 2000 до 2010, а Лазаров даваше голови на Светско првенство во Хрватска во 2009 година. Следуваше нова декада и голови на Лазаров на првенствата во Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017, и Германија и Данска во 2019 година, а еве сега и после 2020 година е стрелец.