среда, февруари 8, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Тенис

Маестро Роџер низ бројки во кариерата!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
септември 16, 2022
📁 Тенис

Веќе подолго време се предвидуваше дека Роџер Федерер ќе стави крај на богатата кариера. Швајцарскиот ас на 41 година одлучи да го напушти белиот спорт и ќе замине како еден од најголемите во историјата.

Лејвер Купот ќе биде последното натпреварување во кариерата на големиот шампион. Тој ќе се одјави од тенисот со дваесет Грен слем титули зад своето име. Долго време беше на врвот на вечната листа, но неодамна падна зад Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, кои во наредниот период би можеле уште повеќе да ја зголемат својата предност.

Рекордни осум трофеи Федерер освои на Вимблдон, еднаш се радуваше на Ролан Гарос, шест пати го освојуваше Австралија опен, а на УС Опен беше најдобар во пет наврати. Кариерата ја завршува со вкупно 103 титули, па Џими Конорс со 109 одличја остана на првата позиција во оваа категорија.

Швајцарецот има најмногу последователни недели на врвот на АТП листата (237 недели), тој е највозрасен „број еден“ со 37 години, а е единствен играч со најмалку пет титули на три Грен слем турнири.

Против најголемите ривали има негативен скор. Со Надал одиграл 40 меча и загубил на 24 од нив, а загубил од Ѓоковиќ 27 пати на 50 одиграни дуели.

Tags: Роџер ФедерертенисФедерер
ShareTweet
Претходна вест

Фудбалско уживање! Караорман го пречекува Вардар

Следна вест

(ВИДЕО) Одличниот дебитант ги лимитираше Сан Диего Падрес на ,,нула”

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

АО: Ѓоковиќ фуриозно го “збриша” Пол и обезбеди финале
Тенис

АО: Новак Ѓоковиќ супериорно до 10. титула во Австралија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
29/Јан/2023
АО: Ѓоковиќ фуриозно го “збриша” Пол и обезбеди финале
Тенис

АО: Ѓоковиќ фуриозно го “збриша” Пол и обезбеди финале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Јан/2023
АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале
Тенис

АО: Ѓоковиќ супериорно до полуфинале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јан/2023
АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале
Тенис

АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Јан/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Одличниот дебитант ги лимитираше Сан Диего Падрес на ,,нула”

(ВИДЕО) Одличниот дебитант ги лимитираше Сан Диего Падрес на ,,нула"

Последно

(ВИДЕО) Пантуро со светско злато ја награди домашната публика во Куршевел

(ВИДЕО) Сибир се спаси во последната минута, но загуби на пенали

Радовиќ: Ќе дадеме се од себе во Данска

Валтер: Планираме да се вратиме со бодови од Данска

Чаневски бранеше одлично во дербито во Израел

Маџовска е МВП на колото во Бундес лигата

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.