
Единственото индивидуално натпреварување во Закопане, Полска, од Светскиот куп во ски скокови, го освои Мариус Линдвик.
Линдвик беше победник и на денешните квалификации, а со скоковите од 135 и од 139,5 метри дојде до вториот триумф во низа, односно до петтиот во кариерата.
Германецот Карл Гајгер го освои второто место, додека Словенецот Анже Ланишек го комплетираше подиумот.
Првопласираниот после првата серија, Рјоју Кобајаши, потфрли со вториот скок и мораше да се задоволи со четвртото место со 1,3 поени предност во однос на петтопласираниот Даниел Чофених.
Во првите десетмина, пласман изборија уште Даниел Хубер, Килијан Пајер, Јан Херл, Тими Зајц и Маркус Ајзенбихлер.
Од наредниот викенд, скокачите ќе се преселат во Германија, каде што ги очекуваат натпреварувањата во Титизе-Нојштадт и во Вилинген.




